
Соопштение на ВЛЕН:
Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори.
Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.
Во меѓувреме, компанијата AS Senjak, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Али Ахмети, се споменува во неколку трансакции кои бараат целосна истрага: во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, во јуни 2025 година компанија во која е косопственик добила кредит од 5 милиони евра од Алта банка, додека во септември 2025 година нејзините акции во оваа банка ѝ биле продадени токму на Алта банка.
Али Ахмети и ДУИ мора да одговорат: какви врски имаат со сопственикот на AS Senjak и дали биле запознаени со овие трансакции? И улогата на Фатмир Бесими во одлуките од 2023 година треба да биде предмет на проверка од надлежните институции.
Со години ДУИ го користеше патриотизмот како политички штит. Денес, кога се поставуваат прашања за финансиските односи со српскиот бизнис-свет, наместо одговори, избира да напаѓа по прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за правичната застапеност.
Но, за албанскиот јазик и правата на Албанците има кој да се грижи. ВЛЕН ги решава овие прашања преку законски решенија и конкретни одлуки. Правосудниот испит на албански јазик станува реалност, а ДУИ не може ова достигнување да го користи како изговор за да ги избегне прашањата за Алта банка.
ВЛЕН бара Јавното обвинителство да ги истражи сите трансакции и улогата на инволвираните лица. Патриотизмот не може да биде штит за приватни интереси. Албанците заслужуваат одговори, а не молк и политичко пренасочување на вниманието.



