Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Џафери го запечати исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит 

18/04/2026  15:59

Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, е јасен доказ дека проблемот околу полагањето на правосудниот испит не е случајност, туку последица на негрижа и политичкo предавство. Во тоа време, Законот за употреба на јазиците веќе беше во сила, но Талат Џафери како претседател на парламентот не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите за албанскиот јазик. Тој го прогласи законот за прифатлив, исклучувајќи го албанскиот јазик од испитот.

Уште поразочарувачки е фактот што овој закон беше изгласан со Бадентер, односно и со гласовите на пратениците Албанци од тој состав, кои имаа национална обврска да бараат испитот да се полага и на албански јазик. Тие го изгласаа законот, оставајќи денес стотици албански студенти да ги трпат последиците од една двојна неправда.

ДУИ, која повеќе од 20 години имаше пет министри за правда од своите редови, никогаш не го реши овој проблем. Денес тие пролеваат „крокодилски солзи” и излегуваат во одбрана, но документите зборуваат јасно: овој проблем ја носи печатот на Талат Џафери и нивната политика.

ВЛЕН ќе биде силата што ќе обезбеди овој испит да се полага на албански јазик. Затоа што нашиот јазик не е јазик на маргината, туку јазик на достоинството и правдата.