Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Црната кутија Артан Груби го држи ДУИ во заложништво

24/04/2026  15:30

Соопштение на ВЛЕН:

ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво.

Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети.

Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите и валканите врски на оваа партија. Затоа денес многу функционери на ДУИ се во паничен страв од едно прашање – Што може да прозбори Артан Груби?

Нивното „единство” не е единство. Тоа е молк од страв. Тоа е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја.

Со правосудство кое сè повеќе се ослободува од влијанието на ДУИ, секој ден гледаме истраги, апсења, коруптивни скандали и злоупотреби на службена положба во вредност од стотици илјади и милиони евра. Ова е распаѓање на еден систем.

Империјата што ја градеа со години врз страв, пари и уцени денес им се распаѓа пред очи. Кулата од карти паѓа, а кога ќе се отвори црната кутија Артан Груби, многумина во ДУИ нема да бараат политички излез, туку спас за себе.

Албанците повеќе нема да бидат заложници на оваа деструктивна структура. ВЛЕН избира друг пат. Пат на чесни луѓе и одговорност. И затоа разликата е јасна. Тие се бранат од вистината, ние ја бараме.