
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
На овој благословен ден на Курбан Бајрам, ВЛЕН на сите граѓани од исламска вероисповед им посакува мир, здравје, добрина и бериќет во нивните семејства.
Овој празник нè потсетува на пожртвуваноста, дарежливоста и грижата за другиот. Нека биде ден на зближување, простување и солидарност, во кој никој нема да остане сам и во кој убавиот збор, посетата и подадената рака добиваат посебно значење.
Честит Курбан Бајрам!


