Skip to main content
Македонија

Владата ќе организира трибина „Темел на државноста- визија за иднината” во чест на Гоце Делчев

03/05/2026  14:47

Утре 04.05.2026 година (понеделник) во 13:00 часот по повод одбележување на 123 годишнина од загинувањето на Гоце Делчев ќе се одржи трибина насловена „Темел на државноста- визија за иднината” во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија.

Учесници ќе бидат:

Весна Јаневска, министерка за образование и наука,

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,

Зоран Љутков, министер за култура и туризам,

Јовица Никчевски, директор на Националната универзитетска библиотека,

Модератор на трибината е Марија Митева, портпарол на Владата.