
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на Македонија за време на викендов (сабота и недела 25/26 април 2026) ќе биде под влијание на стабилна, сува и на топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност а особено во недела на 26 април 2026 и особено во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така за време на викендов (сабота и недела 25/26 април 2026) времето ќе биде претежно сончево и топло со повремено засилен ветер од северен правец особено во недела на 26 април 2026. Ќе има и појава на мала до умерена локална облачност.
Наутро температурите ќе бидат значително повисоки и речиси насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе бидат вистински пролетни и во поголем дел од Македонија тие ќе надминуваат 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие ќе надминат и 25 степени.
Во Скопје и околината исто така за време на викендов (сабота и недела 25/26 април 2026) температурата преку денот ќе надмине 25 степени особено во недела на 26 април 2026.
