Skip to main content
Македонија

Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!

16/08/2025  12:05

Метео анализа на Славчо Попоски:

И во Скопје  и околината викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината има помали услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Повремено ќе засилува ветер од североисточен правец, особено денес (сабота 16 август).

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните температури викендов ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе се спушта до околу 17 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.