Skip to main content
Македонија

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

24/12/2025  07:25

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во Скопје  и околината исто така викендов ќе биде многу ладно и во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег а ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено во делови од котлината ќе достигнуба врзина од над 60/70 км/час.

Наутро температурите овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. Уште поладно утро ќе имам во понеделник (29 декември) кога температурите тоа утро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени а на повисоките населени места  и на планините тие ќе се спуштаат  и под -10 степени.

Се на се ни доаѓа многу ладно време па така топлата облека нека ви биде подготвена.