
Метео анализа на Славчо Попоски:
Викендов (27 и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија.
Во Скопје и околината исто така викендов ќе биде многу ладно и во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег а ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено во делови од котлината ќе достигнуба врзина од над 60/70 км/час.
Наутро температурите овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. Уште поладно утро ќе имам во понеделник (29 декември) кога температурите тоа утро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени а на повисоките населени места и на планините тие ќе се спуштаат и под -10 степени.
Се на се ни доаѓа многу ладно време па така топлата облека нека ви биде подготвена.
