Skip to main content
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Ќе имаме летен викенд, температурите ќе се искачат до 30 степени!

02/05/2025  08:52

Метео анализа на Славчо Попоски:

MK Summit

Под влијание на топла и стабилна воздушна маса од југ, за време на овој викенд времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец кој во недела (4 мај) повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано  – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во другите предели од нашата Македонија, со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 30 степени.

Дестабилизирање на атмосферата и појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има уште од самиот почеток на следната седмица, но детална метео анализа околу ова следува во следните мои метео објави.