Вечерва во новата епизода на подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, ќе слушнеме неколку сведоштва на онколошки пациентки кои заеднички успеале да најдат зрак надеж во борбата со ракот.
Македонка, претседател на здружението „Љубов сме“ и членките на здружението Наташа и Александра во подкастот зборуваат за функционирањето на здружението, но и за свои лични моменти од борбата против ракот.
Емитувањето на деветтата епизода започнува во 21.00 часот а може да ја погледнете на следниот линк.