Skip to main content
Македонија

(Видео) Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош

23/12/2025  13:28

Земјоделец од Крушево објави видеа на кои се гледа како непозати лица му крадат голема количина на тутун кој тој го спремал за продавање.

„Минатата година беше најтешката за мене и мојата фамилија – товар што никој друг не може да го почувствува под мојата кожа. Оваа година вложивме сè: мака, здравје, пари и трпение, со надеж дека трудот и надчовечката жртва ќе го покрие ланскиот непребол.

Ова што го гледате на ВИДЕАТА е кражба на голема количина на тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина. Решив да ги објавувам видеата не од омраза, туку за да се разбуди свеста и емпатијата и да се охрабри полицијата што побрзо да ги пронајде сторителите“ пишува земјоделецот.

Тој упати апел доколку некој некој ги препознае лицата, да пријави во полиција.

„Земјоделецот не бара милостина – бара правда и почит за својот труд“ додаде тој.