
Трамвај што сообраќал по улицата Цар Душан во Белград излетал од шините и се забил во зграда, а според неофицијални информации, има повредени.
Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот.
Како што може да се види на видеото, кабината на трамвајот е целосно згмечена, а некои седишта се откорнати од ударот.
Според неофицијални информации, неколку лица се пожалиле на повреди, а од службата за брза помош за порталот Н1 изјавиле дека екипи се на местото на настанот.
Засега нема информации за причината за несреќата, а истрагата е во тек.


