На неколку македонски портали се појави информација дека екс ракометниот селектор на репрезентацијата, легендарниот Илија Темелковски е починат.
24инфо.мк контактираше членови на неговото семејство кои ја демантираа таа вест, а подоцна во видео изјава ексклузивно за 24инфо.мк се обрати и самиот Темелковски.
„Поздрав до сите, јас, Илија Темелковски демантирам она што некој го измислил, ова не е за измислување или некоја шега, јас сум жив и здрав и ги демантирам сите информации во врска со тоа што некој зел за право дека сум починат. Поздрав до сите“ вели тој во изјавата.