Skip to main content
Балкан

(Видео) Пратеничка во српскиот парламент доживела мозочен удар

04/03/2025  12:45

Хаотично почна седницата на српското Собрание откако пратеници на опозицијата со факели, вузулеи се обидуваат да го спречат нејзиното одржување.

MK Summit

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ од говорницата изјави дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ од редовите на листата на Александар Вучиќ и се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.

Спред Брнабиќ пратеничката доживеала мозочен удар и се наоѓа во животна опасност, а претседателот на Србија заминал во Клиниката да ја посети.