Skip to main content
Скопје

(Видео) Повторно гори отпад во Шуто Оризари

04/05/2026  12:26

Денеска повторно гори во околината на Скопје.

Според видеата и фотографиите, повторно е активиран пожар од отпад помеѓу населбите Визбегово и Шуто Оризари.

Црн токсичен чад се издига над пожарот и истиот е видлив од неколку локации во градот.

Засега, се уште нема информации од надлежните дали пожарот се гасне.