Skip to main content
Македонија

(Видео) Педијатар Атанасова: Здрава исхрана и витамини помагаат во борбата против последиците од загадувањето

24/12/2025  13:20

Како и секоја, така и оваа зима Скопје дише нездрав воздух полн со штетни ПМ честички.

Тоа е особено опасно за хронично болните лица, но и за децата од училишта и предучилипшна возраст.

Како тој воздух влијае врз здравјето на децата и што родителите можат да преземат, во изјава за 24инфо.мк објаснува педијатарот Мира Атанасова.

„Најзагорзено се нивните бели дробови кои се погодени од ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките. За нив е многи битно да не престојуваат во средини каде има концентрација на смог и ПМ честички. Советот е да не излегуваат надвор, да немаат физички активности кога загадувањето е големо. Потребна е здрава храна и витаминска терапија со Витамин Д но и Витамин Б и Ц како и цинк“ изјави Атанасова.

Таа додаде и дека има препораки до училиштата и градинките да постават прочистувачи, а до родителите упати апел секогаш кога можат да ги изнесат своите деца на планина и на чист воздух.