Skip to main content
Македонија

(Видео) „Ние сме корумпирана држава“ – младите одговараат дали ќе има целосна одговорност по трагедијата во Кочани

29/03/2025  15:50

По страшната трагедија во Кочани, 24инфо ги праша граѓаните дали сметаат дека ќе има целосна одговорност за 59те жртви и стотиците повредени.

Најголем дел од граѓаните не веруваат дека ќе има целосна контрола затоа што сметаат дека целата држава е корумприрана.

„Мислам дека ќе има одговорност, како што слушнав уапсени се многу луѓе, ама работата е што тоа не е од сега. Одговорност треба и за тие пред 10, 12 години, тоа си тлеело и сега излезе на површина. Корупцијата ни е на прво место и тоа е многу лошо“ рече една граѓанка.

Млада скопјанка пак смета дека има многу слаба контрола врз ноќните клубови и кафулиња, додавајќи дека на одредени места без проблем се служи алколхол.

За конкретниот случај не верува дека ќе им одговорност.

„Не верувам, ние сме корупирана држава и тие ќе направат се што е во нивна можност за да прикријат“ рече таа.

Дел од граѓаните по трагедијата во Кочани не се чувствуваат безбедно во дискотеките и клубовите, а дел од нив по страшниот пожар, повеќе не излегуваат во дискотеки.