Skip to main content
Македонија

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

01/09/2025  22:21

Утрово безбедносните камери регистрирале инцидент пред еден маркет во скопската населба Скопје Север.

На снимките јасно се гледаат три маскирани лица како се приближуваат до објектот, по што две од нив фрлаат шишиња со запалива течност кон маркетот.

Веднаш потоа тројцата напаѓачи се дале во бегство во ист правец. За среќа, нема повредени, а причинета е материјална штета.

Полицијата работи на идентификација на сторителите и расчистување на случајот.