Skip to main content
Балкан

(Видео) Масовна тепачка во Нови Сад помеѓу членови на СНС и претставници на Студентската листа

30/09/2026  08:15

Тежок инцидент се случил синоќа во Нови Сад кога дошло до физичка пресметка помеѓу членови и симпатизери на владејачката СНС и претставници на студентското движење.

Тепачката се случила во центарот на градот откако прво вербално бил нападнат носителот на Студентската листа, Илија Срдановиќ.

Потоа доаѓа до мешаница и размена на удари помеѓу вмешани лица од двете страни.

Според информациите од српските медиуми, најдебелиот крај го извлекла советничка од СНС која добила тупаница во лице.

Во Србија во тек е предизборната кампања а парламентарните избори се закажани за 25 октомври.