
Во четвртиот дел од „Пет прашања за Скопје“ разговаравме со пет кандидати за градоначалник на Скопје за нивниот план за справување со дивоградбите.
Независниот кандидат Горан Марковски, Амар Мециновиќ од Левица, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ говореа за нивните визии за градбите во Скопје.
Иако Град Скопје нема директни надлежности во справување со дивоградбите, сепак заеднички беше заклучено дека мора инситуционално да се најде решение за овој проблем.
Во остуство на вистинска медиумска дебата на кандидатите за градоначалник, 24инфо.мк успеа да обезбеди одговори на пет клучни теми од пет кандидати за градоначалници.
Последниот дел ќе го емитуваме за време на викендот.