Skip to main content
Спорт

(Видео) Ибрахимовиќ му ја пушти Лепа Брена на Тиери Анри

15/06/2026  12:19

Легендарниот шведски фудбалер со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ направи мини-шоу во ТВ студио за време на Светското првенство, каде што работи како аналитичар заедно со Тиери Анри.

Познат по својата харизма и чести изливи на хумор, Ибрахимовиќ овојпат одлучи да внесе балкански дух во студиото на американскиот „Fox“, каде што двајцата поранешни асови се дел од ТВ-покривањето на Мундијалот.

По претходните моменти кога заедно со колегите ја пееја песната „I am from Bosnia, take me to America“ во пресрет на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, следеше нова сцена која стана вирална.

Ибрахимовиќ пушти познат народен хит „Луда за тебе“ од Лепа Брена, по што започна да плеска во ритам, обидувајќи се да му објасни на Анри што претставува песната и зошто е толку популарна на Балканот.