
Несекојдневна глетка е забележана денеска во скопската општина Аеродром. Змија се појавила на коловозот во непосредна близина на кулите „Џевахир“, додека во тој момент по улицата се движеле повеќе возила.
На снимката може да се забележи како змијата го преминува коловозот додека автомобилите минуваат во нејзина близина.
Појавата предизвикала внимание кај граѓаните и возачите кои се нашле на оваа фреквентна локација.
Во летниот период и при високи температури не е невообичаено змии да се појават и во урбани средини, особено во близина на зелени и необработени површини.



