
Иницијативата Кој е следен денеска организира Народно собрание пред зградата на Собранието.
Граѓаните бараат одговорност за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, објавување на целосната документација поврзана со дискотеката, а даваат и предлози за зголемување на безбедноста.

Еден од активистите порача дека демократија нема онаму каде што не владее народот и додаде дека политичарите треба да бидат слуги на граѓаните.