Skip to main content
Македонија

(Видео+фото) Голем пожар во близина на Вардариште, се издига густ црн чад

13/09/2025  14:08

Голем пожар избувна во близина на депонијата Вардариште во Скопје. Од местото на настанот се издига густ црн чад кој е видлив од повеќе делови на градот и предизвикува вознемиреност кај граѓаните.

На терен веќе се упатени противпожарни екипи со повеќе возила кои се обидуваат да го локализираат огнот и да спречат негово ширење. Засега нема информации за можни повредени лица или за причината поради која избувнал пожарот.

Жителите на околните населби алармираат дека чадот е задушлив и бараат од надлежните институции навремено да ја информираат јавноста за ризиците по здравјето и околината.

Инспекторските служби и полицијата ќе треба да утврдат како дошло до пожарот и дали станува збор за намерно предизвикана или несреќна околност.