Skip to main content
Скопје

(Видео/Фото) До системот ли е или до луѓето? Секојдневен сообраќаен хаос низ Скопје

08/04/2025  14:22

Сообраќајот во главниот град од година в година станува се повеќе неподнослив не само за возачите, туку уште повеќе за пешаците и велосипедистите.

Најфреквентните булевари и улици се возат со по една лента помалку, затоа едната од нив најчесто е „резервирана“ за автомобили што се паркирани.

Тротоарите низ Скопје одамна не се простор за пешаците туку истите служат за паркирање, а исто е и со црвените ленти и столпчиња кои треба да глумат велосипедски патеки.

Дали е до системот или е до граѓаните?

Очигледно и до двата аспекти. Граѓаните кои стануваат се побезобѕирни во сообраќајот, но и до системот кој иако може, се чини не сака да стави крај на ваквиот сообраќаен хаос.

Ако по прегазувањето на младата Фросина Кулакова, сообраќајната полиција постојано регулираше и патролираше на најпрометните сообраќајници, денес ретко може да се види некоја полициска патрола.

Скопјани, но и жителите на другите градови го чекаат спорведувањето на проектот „Безбеден град“ но прашање е колку и овој проект ќе влијае на промена на целокупниот менталитет, кој за жал е настроен да не почитува закони и прописи.