Skip to main content
Скопје

(Видео) Арсовска: Се утепаа со заканување – може ќе живеам уште шест дена, може уште шест месеци

30/05/2025  22:09

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот.

„Градоначалник на главен град да пријавува криминал и наместо да постапат органите на прогонот тие да ги заштитуваат криминалците и да ги гонат пријавителите, можам слободно да констатирам дека не заслужуваме држава“ порача Арсовска.

Таа зборувајќи за заканите за кои рече дека траат три и пол години, во еден момент и заплака додека објаснуваше.