
Попладнево повторно нешто гори некаде помеѓу населбите Долно Лисиче и Драчево од каде се извива црн густ чад.
Граѓаните од овој дел од Скопје, па се до населбата Аеродром се жалат на непријатна миризба и отежнато дишење, јавуваат читатели на 24инфо.мк
Ваков случај имаше и пред шест дена, но очигледно дека ниту тогаш, ниту сега не реагира ниту една институција.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови. Анализите на ИЈЗ, се правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Според проценките од студијата на Светската банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето.