Skip to main content
Хроника

Велосипедист удрил во пешак во центарот на Скопје

11/06/2026  13:50

На 10.06.2026 во 18:50  часот во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Народен фронт” во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември” Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.