
Метео анализа на Славчо Попоски:
Во текот на ноќта кон утрешниот ден Велика сабота 2026 и на Велика сабота 2026 од север над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локални послаби врнежи од дожд особено во северните и во источните предели од Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје и околината токму оваа облачна воздушна маса исто така ќе донесе слаби локални врнежи од дожд.
Утре на Велика сабота наутро температурите насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. Преку денот пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 7 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 17 степени.

