Skip to main content
Свет

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година

08/06/2025  20:25

Британската Влада најави дека до 2030 година ќе инвестира 86 милијарди фунти (приближно 100,62 милијарди евра) во наука, иновации и одбрана.

Дополнително, ќе бидат издвоени 30 милијарди фунти за јакнење на националниот здравствен систем, кој се соочува со сериозна криза.

Се очекува следната недела Владата да ги претстави буџетските насоки, кои предвидуваат и кратења на социјалните програми и административните трошоци. Овие најавени мерки веќе предизвикаа масовен протест во Лондон.