Skip to main content
Хроника

Велешанка удрила во момче на пешачки премин и го напуштила местото

06/03/2025  15:55

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.

Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.