Skip to main content
Македонија

Ведро и студено, преку ден сончево

05/02/2025  07:32

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.