Skip to main content
Македонија

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

28/05/2025  23:45

Вечерва, граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата Чаршија.

Акцијата претставуваше протест против, како што велат, негрижата на градските власти и блокадата со која се соочува општината во делот на одржување на јавната чистота.

На местото на настанот брзо пристигна и полиција, која интервенираше и ги растера присутните граѓани. Настанот помина без посериозни инциденти, но со силна симболика и порака за лошата соработка меѓу локалната и градската власт.