Skip to main content
Македонија

Вандализам во центарот на Скопје – украдена спомен-плоча од паркот „Жена борец“

15/04/2025  12:11

Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека од паркот „Жена борец“ во центарот на главниот град, од Споменикот на култура посветен на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, била одземена спомен-плоча. Според пријавата, плочата била насилно отстранета со употреба на физичка сила.

Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.