
Узбекистан се квалификуваше за финалето на Светското првенство во 2026 година. Поранешната советска република ќе игра на најпрестижниот фудбалски собир за прв пат во својата историја.
Узбекистанците освоија директна квота за првенството, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, откако одиграа 0:0 на гостувањето во ОАЕ. Така, тимот го зазема второто место во групата „А“ од квалификациите во зоната „Азија“.
Узбекистан е 81-та различна земја што игра во завршницата на Светското првенство.
Големите ѕвезди на тимот се напаѓачот на Рома, Елдор Шомуродов, и централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Абдукодир Хусанов.
Австралија направи важен чекор кон Светското првенство во 2026 година откако ја победи Јапонија со 1-0. Единствениот гол го постигна Азиз Бехиќ во 90 минута.