Skip to main content
Македонија

Утрово заледени патишта, одрони и затворени гранични премини

08/01/2026  07:58

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево – М. Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

На магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.