Skip to main content
Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

01/10/2026  14:35

Утре (02.10.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. 

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.