
Од Водовод и Канализација Скопје, известуваат дека утре (среда) на ул. Никола Парапунов бр.5 ќе се врши промена на вентил од ф 2“ поради што со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Никола Парапунов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.