
Ракометниот клуб Вардар е на пат да договори уште едно засилување, овојпат за бековската линија. Станува збор за словенечкиот ракометар од редовите на Слован Љубљана, Јака Малус.
28-годишникот зад себе има и бундеслигашко искуство, а во редовите на тимот на Урош Зорман има централна улога и е меѓу лидерите на тимот.
Според информациите од словенечките медиуми, Вардар е пред потпис со Малус и останува да се договорат само детали за овој трансфер да се реализира.
Во својата кариера освен за Слован средниот бек Малус играше и во Лигата на шампионите за матичниот Целје и белоруски Мешков Брест, додека настапуваше уште за шпански Синфин и бундеслигашот Гепингем.
Малус би бил петто засилување на „црвено-црните“ за следната сезона, откако тимот досега ги примовира Виктор Јанковски, Милош Валах, Марек Марчињак и Мамаду Кеита.