Skip to main content
Хроника

Уште четворица турски државјани приведени во Аеродром поради нерегулиран престој

12/06/2026  10:41

Во акциска контрола спроведена на подрачјето на скопската општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле четворица државјани на Турција поради нерегулиран престој во државата.

Акцијата била реализирана на 11 јуни, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, согласно планот за работа на пријавно-одјавната служба за месец јуни. При контролите биле приведени Б.М.Б. (21), К.У. (25), А.Е. (24) и К.Б. (24), сите државјани на Република Турција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските прописи.