Skip to main content
Македонија

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

14/05/2025  17:00

Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а 20.000 деца немаат здравствена заштита покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Дополнително, помалку од 37% од децата на возраст од 3 и 6 години имаат пристап до предучилишно образование, а половина од децата со попреченост не продолжуваат во средното образование.

Потребен е нов пакет услуги за спрaвување со растечките стапки на детска сиромаштија и исклученост, смета министерот за социјална политика, демографија и млади.