Search

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со нов лидер

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со нов лидер

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по речиси една година ќе добие нов лидер, откако Извршниот комитет за оваа функција го предложи Лука Кржаловски, кадар кој подолго време е дел од оваа партиска организација и за кого се претпоставуваше уште претходно дека ќе го зазема лидерското место во УМС.

Кржаловски ќе го наследи Владимир Нелоски на позицијата претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Лука Кржаловски е досегашен Претседател на Градскиот Комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИK на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во 2016 година, на само 24 години беше избран за директор на Службен весник, од каде што беше сменет по промената на власта.

Треба да знаете
Последни објави