Skip to main content
Свет

Уметникот кој го исмејуваше Путин убиен во Полска.

18/06/2026  10:43

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека убиството на рускиот уметник кој го критикуваше претседателот Владимир Путин има обележја на политичко убиство.

Двајца белоруски државјани се приведени, а потоа ослободени

„Сè укажува на тоа дека ова е политичко убиство. Но, мора да почекаме докази или поконкретни индикатори. Бидејќи ако е тоа случај, ако атентатот е нарачан од Русија, тогаш ова е исклучително сериозно меѓународно прашање. Ова би претставувало државен тероризам“, рече Туск на прес-конференција во Варшава.

Полските истражители првично приведоа двајца белоруски државјани, но Туск рече дека тие биле ослободени бидејќи властите немале докази дека биле директно вмешани во убиството.