
На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.
По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

