Skip to main content
Македонија

Облачно време со врнежи од дожд и снег

06/01/2026  12:32

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец над 60 km/h, информираат од УХМР.

Во Скопје, утре особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во четврток во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежи од дожд и снег ќе има и во сабота.