Skip to main content
Свет

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

27/08/2026  13:58

Руската администрација на АЕЦ Запорожје соопшти дека Украина извршила напад со дрон врз објект за суво складирање на потрошено нуклеарно гориво.

Според соопштението на раководството на централата, која е под контрола на руски „Росатом“, нападот со беспилотно летало се случил на 26 август директно на просторот на складиштето.

Од администрацијата потврдија дека при нападот нема повредени вработени ниту се регистрирани значителни материјални оштетувања, но предупредија дека продолжувањето на ваквите акции директно ги загрозува нуклеарната и радијациската безбедност на целиот регион.