Skip to main content
Македонија

УЈП изврши 696 контроли, кај 140 се утврдени неправилности

13/01/2025  14:23

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања спроведе контроли кај 696 објекти.

Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци :

Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра;
29 глоби за неводење книга за дневни финансиски извештаи;

16 глоби за незакупени и нерегистрирани резервни фискални апарати;

8 глоби за прекршок за некоористење на одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања;

1 глоба за неиздавање парагон – блок за извршениот промет на добра, односно на услуга;

2 глоби за тоа што не прикажувале промет од македонски производи;

2 глоби за неистакнување на видно место соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка;

2 глоби за тоа што не ги чувале и одржувале фискалните апарати во исправна состојба.

Воедно, УЈП ја информира јавноста дека кај 13 физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност и за нив се преземени понатамошни постапки. При контролите 31 деловен објект бил затворен/или објектите не биле најдени на наведената адреса/не вршеле дејност во моментот на вршење на контролата.

Апелираме до сите даночни обврзници да ја почитуваат и да работат во согласност со законската регулатива. Даночната усогласеност не е само законска обврска, туку и основа за создавање на фер и праведен деловен амбиент кој ги поттикнува растот и развојот на економијата.