Skip to main content
Македонија

И приватниците треба да чистат снегот – Глобите се од 500 до 1.000 евра

13/01/2025  14:17

И граѓаните се должни да се вклучат во расчистувањето, посебно приватниците кои имаат објекти како продавници, канцеларии и угостителски локали, и самите да допринесат така, што ќе го расчистат снегот пред објектите.

Одредени се и глоби за правното лице доколку не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот во зимски услови на јавните површини. Станува збор за глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Во некои американски држави, на пример, казните за неисчистен снег пред влез на зграда се движат од 50 до 150 долари, во зависност од бројот на станарите.