Skip to main content
Македонија

УХМР: Следува стабилно време со студени утра и во наредните денови

04/02/2025  12:55

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре најавено е да дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен северен ветер. На места, температурата ќе биде и минус седум степени Целзиусови. Се очекува максималната температура да достигне 12 степени Целзиусови во Гевгелија.

За во Скопје најавена е минимална температура од минус три степени Целзиусови. Максималната се очекува да достигне до 10 степени Целзиусови.

– Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, најавуваат синоптичарите.